• +359883 30 30 45
    • За нас

      Decibel LTD e компанија која нуди целосен сервис за независно инжeнерство за звук, акустична консултација и извршување на проекти, предлагајќи сеопфатен сервис и материјали за станбени згради, специјализирани премиси и индустриски згради. Нашите добро тренирани и искусни инженери овозможуваат контрола на бучавата и акустични решенија за архитекти, инвеститори, организациски проект-менаџмент на градежни компании, приватни и државни организации. Нудиме широк опсег на услуги, вклучувајќи посети на местата, мерења на шумот и бучавата, проектирање и инженерство, супервизија на проекти и имплементација. Работиме со сертифицирани и тестирани материјали, софтверски и хардверски продукти за да создадеме сигурни резултати. Decibel LTD има сопствена тест-лабораторија за материјали, кои се користат за звучна изолација и сопствен истражувачки и развоен оддел за нови решенија при контролата на звукот. Моментално работиме во Бугарија, Македонија, Турција, Белгија и Обединетото Кралство.

      Мисија

      Нашата мисија е едноставна. Ние целиме кон објективност и чесност со нашите клиенти. Тие ни веруваат и ние им возвраќаме со решенија кои се калкулирани најоптимално, валоризирани од науката и докажани со нашето искуство. Поддржувајќи ги нашите клиенти во потрагата по мир, тишина и перфекција ова е одговорен и конструктивен пристап кон иднината.

      Визија

      Нашата сигурна визија за иднината е блиску поврзана со луѓето, па затоа ние инвестираме во иднината на нашите професионалци. Ние развиваме социјални програми и на секој од членовите на нашиот тим му овозможуваме да ја најде сопствената самоперфекција, да одржува интерес според можностите и да има посебно задоволство при работата и живеењето. Нашата долгорочна цел е да креираме интернационален тим од екстремни професионалци, кои за секој клиент ќе се грижат како за свој личен пријател.

  • newsletter