ОПИС
Акустичниот панел Wedge Absorber е една од класичните форми на панели за апсорпција на звук користена во милиони музички студија и соби за обработка на музика во светот. Ефективно го намалува непријатното влијание на стоечки бранови и флатер ехо во просториите. Wedge Absorber е “работниот коњ” за акустична преработка на секакви геометрии и форми на простории, без потреба од професионална акустична разработка. Со вртење на панелот во хоризонтална или вертикална положба се менува степенот на апсорбирање на звук, особено во високофрекфентниот спектар и на тој начин прецизно се прилагодува звукот во зависност од желбата на слушателот.
ПРИМЕНА И МОНТАЖА
Wedge Absorber е погоден за сали за музички проби, студија за снимање, соби за обработка на музика, простории за слушање музика и домашно кино.
Монтажата на панелите може да биде на ѕид или плафон. Карактеристично е тоа што кога се монтира на ѕид треба да биде на висината на слушателот, а додека монтиран на таван – над позицијата за слушање. Монтажата се врши преку директно лепење со полиуретан или полихлорпренов лепак. За монтирање на овој панел не се потребни посебни вештини.
ЦЕНАТА Е ПО ПАРЧЕ.