• +359883 30 30 45
    • ПОКРИВКА ЗА ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА DBB

      ПЕРДЕ ЗА ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА НА МАШИНИ, ВРАТИ, ПРОЗОРЦИ, СТАНБЕНИ ПРОСТОРИИ И ЗВУЧНИ КАБИНИ
      1 2 3 4 5
      Достапност:
      Во магацин

      - Димензии: 100/80/2,5 cm

      - Избород 13 бои

      - Несогорлив (само во бела боја)

      - Цената е за 1 покривка

      Контактирајте не за цена

      Покривката за звучна изолација DBB е специјална разработка на DECIBEL, чиј дизајн и карактеристики служат за звучна изолација на простории каде има потреба од флексибилно и ефикасно решение. Завесата за звучна изолација е изработена од висока класа пластоеластични материјали, обвиени во специјално разработен материјал за т.н. проголтување на звук, кој предава флексибилност и издржливост. За завршен слој е избран акустично пропустлива ткаенина која предава индустриско дизајнерски завршен вид на производот. Завесата DBB е наменета за звучна изолација на машини, онаму каде што не може да биде изграден ѕид за звучна изолација или бокс за изолација на бучава. Таа успешно може да се користи за звучна изолација на врати и прозорци во станбени простории, музички соби и студија. Поголемата тежина на завесата од 5.8 кг/м2 обезбедува одлични својства на звучна изолација, а металните нитни кои се монтирани на горниот крај на завесата, помагаат за нејзина лесна монтажа. Достапна и во варијанта од несогорлив и водоотпорен завршен слој, што го прави погоден за индустриска звучна изолација како во внатрешна, така и во надворешна средина. Завесите за звучна изолација создаваат флексибилна бариера меѓу изворот на бучава и станбениот или работниот простор. Предноста на завесите за звучна изолација пред останатите системи за изолација на бучава е во нивната флексибилност. Додека тие можат да се користат за постојана звучна изолација, покривките DBB можат да се прибираат и да се чуваат кога веќе нема бучава и на тој начин се создава слободен простор. Овој нивен квалитет е исклучително погоден за канцелариски згради во кои се вршат поправки во одредени простории, бидејќи даваат можност да се преместуваат и да ги изолираат местата кои пречат на нормалниот начин на работа. Покривката DBB поседува и високи својства на термоизолација.

      Индекс на звучна изолација Rw = 26 dB.

      Покривката за звучна изолација DBB обезбедува вентилација и пристап до просториите, при што истовремено не се нарушува контролата на бучава. Завесите се лесни за монтирање и можат да се преместуваат и користат на различни места, во зависност од тоа каде се наоѓа зоната на бучава. Завесите за звучна изолација нудат долгорочно и флексибилно решение за секој случај индивидуално.

      ПРИМЕНА

      - Изолација на бучава на компресори

      - Хидраулични пумпи

      - Звучна изолација на метални компресори

      - Погодни за индустриски машини и за надворешна употреба, благодарение на својот несогорлив водоотпорен завршен слој

      * Производот може да се нарача во различни должини со ширина 80 см.

    • Слични производи
  • newsletter