• +359883 30 30 45
    • Акустичен ѕиден панел обложен со текстилен материјал 50х50х5

      Текстилен ѕиден панел за акустично третирање на канцеларии, ресторани и домашни кина
      DECIBEL
      1 2 3 4 5
      Достапност:
      Во магацин
      Контактирајте не за цена

       

      Панелите за апсорбирање на звук  имаат срцевина од технички полиуретан 18-30 кг.м3 и завршен слој од акустичен текстил.

      Примена: Панелите за апсорбирање на звук се создадени за употреба во канцелариски простории (каде има ехо), за обложување на ѕидови и тавани, во домашни кина, музички катчиња, издавачки студија и конференциски сали каде се цели кон подобра звучност и разбирливост на зборовите. Акустичниот текстил придонесува за добра звучна апсорпција на панелите, претворајќи ги во идеално решение за простории каде што има потреба од акустичен третман и естетска визија. Текстилот на панелите дава пријатен и стилски завршеток на просториите во кои се применуваат. Панелите се достапни со дебелина од 50мм и во 13 различни атрактивни бои. Акустичните панели се лесни за инсталација, преку директно лепење со монтажно лепило. Хигиената се одржува преку бришење со влажна и чиста крпа. Текстилот, исто така може да се третира со меки детергенти, по потреба.

      Во зависност од димензиите и намената на просториите, панелите за апсорбирање на звук, можат да бидат скроени и монтирани во согласност со постоечкиот дизајн на конструкција или преку директно лепење.

       

      Технички информации:
      Материјал: технички полиуретан и акустичен текстил
      Бои: Панелите се нудат во 13 бои (номенклатура по каталог T01- T13)
      Димензии: 500мм. x 500 мм.
      Дебелини: 50 мм.
      Тежина: 0.828 kg. ; 0.414 kg
      Монтажа: ѕидови, тавани;
      преку директно лепење

      ЦЕНАТА Е ПО ПАРЧЕ.                                                                                                                                             akusticen panel

       

       

  • newsletter